Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средби со државниот врв: Сиљановска-Давкова ја пречека индиската претседателка со највисоки почести

    Средби со државниот врв: Сиљановска-Давкова ја пречека индиската претседателка со највисоки почести

    21.07.2026 во 11:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Северна Македонија.

    По свечената церемонија на пречекот, двете претседателки ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден пленарен состанок меѓу македонската и индиската делегација, како и заедничка прес-конференција.

    Мурму пристигна во Скопје синоќа, а на Меѓународниот аеродром Скопје ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

    „Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји“, напиша Муцунски на Фејсбук.

    Во рамки на официјалната посета, индиската претседателка ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

    Предвидена е и средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпишување во Книгата на впечатоци и обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент.

    Попладне ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателката во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На форумот ќе бидат претставени инвестициските можности на земјава, а ќе се обратат Сиљановска-Давкова и Мурму.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.