Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Ѓорѓиевски-Хоџа: Заедничка акција за почиста животна средина

    Средба Ѓорѓиевски-Хоџа: Заедничка акција за почиста животна средина

    14.07.2026 во 20:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заедничка и координирана акција на локално и централно ниво за почиста животна средина во главниот град. Ова е главниот заклучок од денешниот работен состанок меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на кој беа дефинирани клучните еколошки предизвици во Скопје.

    Фокусот на средбата беше ставен на расчистувањето на критичните точки за да се спречат поплави, како и на довршувањето на капиталниот проект за прочистителната станица, со што ќе се овозможи заштита на реката Вардар и на подземните води во градот.

    Градоначалникот преку социјалните мрежи посочи дека уредувањето на каналите и речните корита е неопходно за поголема безбедност на скопјани, притоа потенцирајќи ја важноста на довршувањето на прочистителната станица.

    „Посебен акцент ставивме на довршувањето на прочистителната станица, еден од најзначајните еколошки проекти за Скопје, кој ќе овозможи почиста река Вардар, подобра заштита на подземните води и поздрава животна средина за сегашните и идните генерации. Разговаравме и за нови заеднички проекти кои опфаќаат уредување и чистење на речните корита, каналите и критичните точки низ градот, со цел подобра заштита од поплави, поголема безбедност и почисто, поуредено и поздраво Скопје.“

    На крајот, тој изрази уверување дека со одговорна работа и поддршката која ја добиваат од Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, брзо ќе се постигнат видливи резултати за поздрава иднина на сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.