Close Menu
Press24
    Најново

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето

    29.10.2026 во 08:29

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спектакл под ѕвездите: „Као какао“ го затвора „Охридско лето“

    Спектакл под ѕвездите: „Као какао“ го затвора „Охридско лето“

    20.08.2026 во 08:532 Mins Read
    Охридско Лето
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со современиот македонски мјузикл „Као какао“ вечерва на „Долни Сарај“ ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

    Мјузиклот е создаден според текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, со музика на Влатко Стефановски.

    „Као какао“ носи мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век. Преку односите меѓу ликовите се обработуваат љубовта, амбицијата и желбата за слобода, но и притисоците, стереотипите и ограничувањата со кои се соочува една генерација.

    Музиката на Влатко Стефановски е во центарот на сценската приказна, која обединува голем актерски ансамбл и динамичен сценски израз исполнет со емоции, бунт и стремеж кон остварување на сопствените соништа.

    Во претставата настапуваат Владимир Петровиќ, Катерина Јовановиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јордан Симонов, Антонио Ташковски, Дениз Абдула, Јована Миладинова, Тања Кочовска, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Анастасија Трајковска, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Леонида Гулевска, Ѓорге Нешковиќ и Анастасија Митровска.

    Музичките аранжмани и оркестрацијата ги потпишува Бобан Мирковски, кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографијата на Марија Пупучевска.

    Претставата трае два часа.

    Годинашното издание на „Охридско лето“ се одвиваше во текот на 40 фестивалски денови, со вкупно 48 настани на кои учествуваа повеќе од 700 уметници од 24 земји.

    Публиката имаше можност да проследи музички, драмски и балетски остварувања, концерти на реномирани солисти и ансамбли, како и премиери на театарски претстави од домашна и странска продукција.

    Со богатата програма и учеството на уметници од земјата и странство, фестивалот и оваа година ја потврди својата меѓународна димензија и значајното место на светската културна сцена.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето

    29.10.2026 во 08:29

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.