Спасеновска: Покачувањето на платите од 10% не значи ништо

Регионалната претставничка на Синдикатот за образование, наука и култура Лена Спасеновска вели дека покачувањето на платите од 10 отсто не значи ништо и единствено позитивно од овој предлог е што тој е ставен на хартија.

Во дебата во емисија на Телевизија 24 рече дека за време на преговорите не добиле никаква понуда од Владата.

-Не мислам дека се брза зошто два месеца преговараме на оваа тема, не добивме никаква понуда и за тоа време се покачија цените, а тие 18 000 се сретства за преживување, вели Спасеновска.

Рече дека неизбежно било СОНК да се одлучи генерален штрајк, бидејќи секогаш се преговарало не добиле ништо конкретно.

-Ние со разбирање и разум понудивме 18,4% зголемување на платите. Нашето членство и ние не сме задоволни со 10% покачување на платите, сега од страна на Владата со нејзината денешна одлука тоа излегува како на сила да прифатиме зголемување на платите од 10%, рече Спасеновска.

 

 

19.04.2022 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега