Лоши вести за патниците: ЕУ воведе ново правило - еве што смеете да имате во рачниот багаж

 


Патниците повторно ќе мора да се соочат со непријатност на аеродромите поради враќањето на ограничувањето за носење течности во рачниот багаж.

Одлуката на Европската комисија, која стапи на сила завчера, ги враќа старите правила за сите аеродроми во ЕУ, како и во земјите од ЕЕА.

Ова значи дека повторно ќе важи ограничувањето од 100 милилитри течност, дури и на оние аеродроми каде што се инсталирани новите скенери C3. Според Европската комисија, овие скенери не функционираат со очекуваната ефикасност.

05.09.2024 - 22:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега