Жан-Пјер: Поразот на Харис е дел од глобален политички тренд кој започна со ковид пандемијата
Поразот на потпретседателката Камала Харис на изборите за претседател на САД е дел од меѓународен политички тренд кој започнал со ковид пандемијата, изјави денеска Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа.
Според неа, поразот на потпретседателката Камала Харис на претседателските избори е дел од меѓународен политички тренд кој започнал со пандемијата на коронавирусот во 2020 година.
-И покрај сите постигања што успеавме да ги реализираме, имаше глобални пречки… поради пандемијата на ковид-19, изјави Жан-Пјер на брифингот за новинарите денеска.
-Тоа остави политички последици врз многу актуелни функционери, ако се погледне што се случи во светот во 2024 година, додаде таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа