Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 23 степени.

За време на викендов ќе преовладува сончево и топло време. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните часови, особено во вторник ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.

07.05.2022 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега