Гостивар доби нов градоначалник
Со 22 гласа за и 8 против, советот на општина Гостивар на вонредната седница го избра в.д. градоначалник Валбон Лимани. Тој изјави дека ќе ја продолжи работата што досега ја сработил поранешниот градоначалник Таравари а вети подобар град за сите жители на Гостивар, пренесе Алсат.
„Приоритетите остануваат исти до крајот на мандатот, додека преостанатото време се обврзувам на реализација на голем процент од ветувањата што им ги дадовме на жителите на Гостивар. И ќе дадам се од себе да ги исполнам сите ветувања и сите услуги кон граѓаните да бидат најквалитетни и на највисоко ниво. Доколку ја оправдам довербата што ми ја дадоа советниците и довербата на партиските органи, тогаш можам да ја преиспитам мојата кандидатура на следните избори“, rече Валбон Лимани. УД градоначалник на општина Гостивар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа