Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

    Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

    19.06.2026 во 18:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени.

    Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно учествуваа претставници на правосудниот систем, академската и стручната јавност, како и други засегнати страни. Нивните забелешки и предлози беа земени предвид со цел да се обезбеди современо, квалитетно и функционално законско решение.

    Со новиот Закон за парничната постапка се воведуваат суштински реформи насочени кон модернизација на судските постапки, зголемување на ефикасноста на судовите и зајакнување на правната сигурност. Предвидени се решенија кои овозможуваат поефикасно водење на постапките, поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба, можност за вештачење и увид по службена должност, како и целосна дигитализација преку електронска достава и одржување расправи по електронски пат.

    Особено значајни се мерките за забрзување на постапките во споровите од мала вредност, воведувањето поправедни и попропорционални глоби, како и новиот механизам на претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што дополнително се унапредува пристапот до правда.

    Предложените законски решенија се усогласени со повеќе системски закони и европските стандарди и претставуваат важен придонес кон изградбата на модерен, ефикасен и правно кохерентен правосуден систем.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.