Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта, постигнат договор за високото образование

    Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта, постигнат договор за високото образование

    20.07.2026 во 14:554 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржани“ ја донесе Одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври.

    Владата претходно на 17 јули ја одобри оваа мерка со цел да се спречат евентуални пореметувања во снабдувањето на територијата на државата.

    Новата одлука стапува на сила на 21 јули, со што се обезбедува институционален континуитет и заштита од ценовни шокови на меѓународните пазари.

    Владините служби ја образложија главната цел на ваквото правно решение во Собранието:

    „Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.“

    Пред гласањето, пратениците од партиите на Албанците обвинија дека власта сака да го „прошверцува“ пакетот закони за високо образование, по што беше договорено тие да се тргнат од денешниот дневен ред.

    Пратеникот Елми Азири од Албанска лига бурно реагираше на начинот на кој беше свикана денешната пленарна седница:

    „Ние сме имале и други случаи кога сме имале закони за објавување на кризна состојба, сме биле конструктивни и истите сме ги поддржале и пак ќе го направиме истото. Но, не можеме да изигруваме наивни дека пред наши очи не се почитува Деловникот, не се почитуваат неколку члена на Деловникот. Се спомна член 74 и член 150 од Деловникот. Ќе го прочитам за граѓаните „седницата на Собранието за прво читање на предлог на законот се одржува во рок од 10 работни дена од денот на донесување на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставување на предлог на законот до пратениците“. Ве повикувам, бидејќи вие давате објаснување, ка кажете пред пратениците кој член од Деловникот е почитуван за свикување на оваа седница. Евидентно е дека имаме непочитување на неколку члена на Деловникот. Тенденцијата ни е јасна. Можноста да се избегне оваа ситуација и вие сте можеле да свикувате посебна седница кризната состојба. Додека за другите точки, во согласност со Деловникот – рече Азири.“

    Координаторката на ДУИ, Рина Ајдари, побара од претставниците на Владата итно повлекување на спорните точки од дневниот ред:

    „Нема ништо ургентност. Ако првата точка е продолжувањето на кризната состојба, има ме можност штом предлагачот е тука, нека излезе и нека ја повлече точката од дневниот ред и оваа точка да оди во друга нова седница, а не да има исто третирање како со другите точки од дневниот ред кои се по редовна постапка. Каде е ургентноста на ова, освен вашиот обид да направите правно шверцување на сите закони кои вас ви одат во прилог. Друга логика не гледам. Предлагачот не ка излезе и нека ја повлече точката од дневниот ред и да одиме со нова седница каде што ќе се разгледува ургентноста – рече Ајдари.“

    Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, одговори дека брзата реакција е неопходна за да се заштити енергетската стабилност на државата:

    „Затоа што, доколку не се донесе оваа одлука, без разлика дали некој е од ДУИ или не е, ќе биде жртва на ваквите опструкции поради тоа што ќе биде загрозено снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Апелирам до пратеничката група на ДУИ да го прифати аргументот дека доколку оваа седница беше свикана во редовен рок од најмалку 10 дена Собранието објективно не би можело да одлучи пред истекот на кризната состојба. Таквиот прекин би можел да предизвика негативни последици за граѓаните, за стопанството, за транспортот, за јавните служби и за целокупната енергетска стабилност на државата. Доколку не помине кризната состојба заради опструкции од страна на ДУИ, во ред, тогаш ќе имаме последица која јавноста ќе може да види заради што е настаната. Биково добро да бидеме солидарни и одговорности по однос на интересот на стопанството, на граѓаните и на енергетската стабилност – рече Милошоски.“

    На крајот од денешната пленарна седница, пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесат законите за автокампови, енергетика, привремена заштита и супервизија на осигурување.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.