Собранието го верификува мандатот на пратеничката Бисерка Златевска

Собранието во рамките на денешната 11-та седница едногласно со 86 гласа „за“ го верификува мандатот на пратеничката Бисерка Златевска од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таа доаѓа на местото на Иван Живковски.

Воедно, без расправа ги разреши досегашните заменици на генералниот секретар на Собранието, Мики Милковски и Неџмедин Ибраими и на нивно место со 68 гласа „за“ за заменик генерален секретар на Собранието го именува Бобан Стојановски. Со именувањето на Стојановски му престана функцијата член на Државната изборна комисија.

Собранието без расправа со 85 гласа „за“ ја донесе и одлуката за избор на претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заемници на комисите на Собранието. Без расправа со 88 гласа „за“ Собранието ја усвои и одлуката за основање на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и за избор на членови и претседатели на пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави. 

Собранието е на пауза до 12:30 часот кога на дневен ред е точката за избор на заменици министри во Владата.

23.07.2024 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега