Драма во Полска: Откриени опасни радиоактивни материи во семејна куќа


Во семејната куќа во близина на полскиот град Волштина, пожарникарите пронашле неколку десетици пакети со опасни радиоактивни материи.

Полицијата изутрината испратила сигнал до пожарникарите за радиоактивни материи кои би можеле да ги има на имотот кој се наоѓа во Седлец кај Волштина, јавува денеска Радио Познањ.

Официјални лица од Лесно и Познањ утврдиле дека пронајдените пакети содржеле радиоактивни материјали.

На терен се специјализирани пожарникари од Познањ и Лешно.

Засега не се знае точно какви материи има во пакувањата пронајдени во семејната куќа и во дворот. Земени се примероци од материјалот за тестирање.

Како што изјави Бартош Касињски, портпарол на противпожарната единица во Волштина, немало потреба да се евакуираат жителите ниту од оваа ниту од соседната куќа.

Затворен е само пристапниот пат до имотот каде што се води истрагата, изјави Војче Адамчик, портпарол на полицијата во Волштина.

06.09.2024 - 23:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега