Тошковски: Со системот од камери за сообраќајни прекршоци ќе спасиме човечки животи

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во емисијата "За или против" на прашањето до каде е системот на камери за снимање на сообраќајни прекршоци низ Скопје, рече дека и покрај произлегувањето на нови аспекти кои мора да се дефинираат пред да биде пуштен, системот мора да биде пуштен бидејќи буквално ќе спасува животи.

„Оние кои што претходно го менаџирале процесот на техничка и законска имплементација, не воделе грижа како ќе се заокружи цел процес, од самото сликање-евидентирање на прекршокот, па се до наплата на истиот. Ако при тест периодот утврдивме дека со 15% активни камери за период од 24 часа имаме илјадници констатирани прекршоци за недозволена брзина, замислете колку ќе имаме со 100% имплементирани камери и кој ќе ги процесуира овие постапки. Но, работиме деноноќно на решавање на овие аспекти и мораме да го имплементираме бидејќи ако се погледнат бројките... еве 2017 година сме имале 149 жртви, 2018- 129 жртви, 2019- 126...Ние годишно губиме повеќе од 120 граѓани, најчесто млади луѓе. Мораме да го имплементираме овој систем во делот на сообраќајните прекршоци за да спасиме животи. Овие бројки нема да бидат вакви кога граѓаните ќе знаат дека секој еден престап ќе биде снимен и соодветно казнет. На овој проект сум посветен лично и мораме да го имплементираме како што треба, да спасиме човечки животи“, потенцираше министерот Тошковски.

06.09.2024 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега