Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители

    Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители

    07.05.2026 во 17:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со 64 гласа „за“, 15 „против“ и без ниту еден воздржан, македонското Собрание го изгласа новиот Закон за Советот на јавните обвинители. Ова законско решение претставува дел од поширокиот реформски процес во правосудството и е целосно усогласено со европските стандарди и препораки.

    Од Министерството за правда, како овластен предлагач на законот, истакнуваат дека главната цел е зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста на Советот.

    „Со Законот се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители, се воведуваат јасни и транспарентни критериуми кои гарантираат стручност, искуство и интегритет. На тој начин, по пример на критериумите во Судскиот совет, се гарантира избор на најквалитетните кандидати“, велат од Министерството за правда.

    Клучна новина е воведувањето на обврска за доследна примена на мерит-системот (систем на заслуги) и обврската за детално, аргументирано образложение на сите одлуки за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите.

    Со законот значително се зајакнува и улогата на Советот во процесот на избор и разрешување на државниот јавен обвинител, давајќи му надлежност да поднесе иницијатива за негово разрешување до Собранието. Прецизно е уредена и постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на самиот Совет.

    „Воведуваме јасна двостепеност во дисциплинските постапки. Советот одлучува како второстепен орган, а против неговите одлуки е дозволена судска заштита. Ова е директен одговор на препораките на Европската комисија“, појаснуваат од Правда.

    Дополнително, транспарентноста на институцијата ќе биде подигната на повисоко ниво преку обврската за задолжително објавување на сите одлуки и извештаи, јавно одржување на седниците и обезбедување директни преноси за јавноста.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.