Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога
    • Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад
    • Кривична пријава против поранешен директор – Фирма стекнала 3,4 милиони денари
    • Бугарија се уште не го известила МНР за евентуална средба во четврток
    • Сообраќајка го разбуди Скопје – Се судрија две коли и камион
    • Месечна прогноза: Вистинска есен и малку зима на крајот од октомври
    • ВИДЕО: Крадци со „финта” пробаа да и избегаат на македонската полиција
    • Муцунски со новиот грчки амбасадор: Ќе ги продлабочуваме билатералните односи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:425 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните христијани денеска го празнуваат Иванден – празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител, еден од најпочитуваните светители во христијанската традиција. Денешниот празник Рождество на Свети Јован Крстител има длабоки корени во традицијата на македонскиот народ и незибришливи траги во народната црковна меморија. Многу обичаи и верувања на македонските верници се поврзани со овој голем светител. За него, во текот на годината, православната црква посветила вкупно шест празници во својот календар. Многу цркви и манастири изградени во Македонија низ вековите биле вдахновени од чудотворната моќ на Крстителот. Култот кон Свети Јован Крстител и денес не згаснува.

    Евангелие по Лука, глава 1

    Раѓањето и обрезанието на Јована. Пророкувањето на Захарија.

    1.Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас,
    2. како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото,
    3. намислив и јас, откако испитав сè од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,
    4. за да ја разбереш основата на учењето, на кое си се учел
    5. Во деновите на Ирода, царот Јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета.
    6. И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка.
    7. Тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе стари.
    8. Еднаш, кога тој служеше пред Бога по својот ред,
    9. според обичајот на свештениците, нему му се падна ждреб да влезе во храмот Господов и да покади.
    10. А целиот народ се молеше однадвор, за време на кадењето.
    11. Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.
    12. Захарија се уплаши кога го виде, и страв го опфати.
    13. Но ангелот му рече: „Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован.
    14. И ќе бидеш радосен и весел, и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање.
    15. Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ни сикер, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си;
    16. и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог;
    17. и тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните – кон разумот на праведните, па да Му приготви на Господа народ совршен.”
    18. И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе доста возрасна.”
    19. Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гавриил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радост;
    20. и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден, кога ќе се исполни тоа, оти не поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.”
    21. Народот го чекаше Захарија и се чудеше што се забави во храмот.
    22. А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и разбраа дека имал видение во храмот; тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем.
    23. И штом изминаа деновите на неговата служба, тој се врати дома.
    24. По тие дни зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи:
    25. Така ми направи Господ во деновите, во кои ме погледа, за да го отстрани укорот меѓу луѓето.
    36. Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец;
    37. зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.”
    38. Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” И ангелот си отиде од неа.
    39. А Марија, како стана во тие дни, отиде набргу во ридскиот крај, во градот Јудин;
    40. па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.
    41. Штом го чу Елисавета поздравот на Марија, заигра младенецот во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети,
    42. па извика гласно и рече: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба!
    43. И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ?
    44. Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои, радосно заигра младенецот во утробата моја.
    45. И блажена е таа, која поверува, зашто ќе се исполни она, што ѝ рекол Господ.”

    56. И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
    57. А на Елисавета ѝ дојде времето да роди, и таа роди син.
    58. И чуја оние, што живееја околу, и роднините нејзини, дека ја увеличил Господ Својата милост над неа, и се радуваа со неа.
    59. На осмиот ден дојдоа да го обрежат младенецот, и сакаа да му го дадат името на татка му Захарија.
    60. Но мајка му одговори и рече: „Не, туку да се нарече Јован!”
    61. И рекоа нејзе: „Никој нема во твојот род, кој се вика со такво име.”
    62. И го прашаа со знаци татка му, како би сакал да го наречат.
    63. Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.” И сите се зачудија.
    64. И веднаш му се одврзаа устата и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.
    65. И се уплашија сите што живееја околу; и прикажуваа за сето тоа по целиот крај Јудејски.
    66. Сите, што чуја, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?” И раката Господова беше со него.
    67. А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше

    80. А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустина до денот, кога им се јави на Израелците.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.