Голем број екипи и сили се ангажирани на терен за гаснење на пожарот во реонот на селото Палиград и Китка, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.
Во интервенцијата се вклучени три авиони и два пинцгауери на Дирекцијата за спасување, еден полициски хеликоптер, како и екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје и на Национални шуми.
„Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење“, се нагласува во соопштението, при што се додава дека на терен се наоѓа и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој ја координира интервенцијата.
Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.
Според ЦУК, состојбата континуирано се следи, а сите екипи и ресурси остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.


