Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Славески повикува на законски измени за ограничување на банкарските надоместоци

    Славески повикува на законски измени за ограничување на банкарските надоместоци

    03.06.2026 во 10:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на разгледување на можни законски измени со кои би се вовеле дополнителни механизми за заштита на корисниците на платежните услуги и ограничување на одредени банкарски надоместоци, по примерот на повеќе европски земји.

    Во објава на социјалната мрежа Икс, Славески истакна дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите, поради што прашањето за висината на надоместоците, како што наведе, заслужува поширока јавна и институционална дебата.

    Тој посочи дека Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките, но оцени дека актуелните случувања укажуваат на потреба од разгледување на можностите за дополнување на законската рамка.

    Славески додаде дека во повеќе европски држави постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски надоместоци, кои може да послужат како основа за јавна расправа и во земјава.

    Според него, целта е граѓаните и компаниите да имаат пристап до ефикасни платежни услуги со разумни трошоци, во согласност со современите европски практики.

    Повикот доаѓа по најавите на неколку банки во земјава за зголемување на надоместоците за услугите во платниот промет, што отвори реакции во јавноста и дебата за потребата од поголема заштита на корисниците.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните

    01.08.2026 во 12:55

    Скокна цената на нафтата

    31.07.2026 во 19:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.