Close Menu
Press24
    Најново

    Скриен бисер:  CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите

    13.04.2026 во 12:47

    Карпош: Жена го нападнала сопругот

    13.04.2026 во 12:30

    Папата Франциск со директен одговор до претседателот Трамп: „Мојата мисија е мирот, не се плашам“

    13.04.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скриен бисер:  CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите
    • Карпош: Жена го нападнала сопругот
    • Папата Франциск со директен одговор до претседателот Трамп: „Мојата мисија е мирот, не се плашам“
    • Битиќи: Орбановиот пораз како опомена за Македонија
    • СДСМ: Ќе се откријат тајните бизниси меѓу Орбан и Мицкоски – ќе бараме целосна истрага
    • Несреќа на Велигден: Пијан возач прегази пешак
    • „Велигденско примирје“ на хартија: Украина пријави над 10.000 руски прекршувања
    • Ценовен шок на берзите: Нафтата вртоглаво поскапува по американската блокада на Иран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скриен бисер:  CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите

    Скриен бисер:  CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите

    13.04.2026 во 12:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот медиум CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите, истакнувајќи ја како скриен бисер во Јужна Европа.

    Во својата рубрика за патувања, медиумот наведува дека иако повеќето туристи се насочуваат кон популарни земји како Франција, Шпанија и Италија, Европа нуди многу повеќе за истражување.

    Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, северно од Грција, со импресивни природни пејзажи – бујни зелени падини, планински врвови и снежни карпи. Посебно внимание се посветува и на разновидната кујна, која се менува од регион до регион и нуди богати вкусови.

    Си-ен-ен ја издвојува и поволната клима во земјата, која придонесува за производство на квалитетен и сочен зеленчук, како и за развој на лозарството и производство на богати вина.

    Дополнително, вниманието се насочува и кон главниот град Скопје, кој нуди спој на модерно и традиционално, како и кон националните паркови и планинските предели кои се идеални за авантуристички туризам.

    Овој вид меѓународно признание може значително да придонесе за зголемување на туристичкиот интерес и афирмација на Македонија на светската туристичка мапа. 

    Со оваа препорака, Македонија сè повеќе се позиционира како атрактивна дестинација за туристи кои бараат автентично искуство надвор од вообичаените европски рути. 

    Популарно

    Скриен бисер:  CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите

    13.04.2026 во 12:47

    Карпош: Жена го нападнала сопругот

    13.04.2026 во 12:30

    Папата Франциск со директен одговор до претседателот Трамп: „Мојата мисија е мирот, не се плашам“

    13.04.2026 во 12:26

    Битиќи: Орбановиот пораз како опомена за Македонија

    13.04.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.