Close Menu
Press24
    Најново

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скриен бисер:  CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите

    Скриен бисер:  CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите

    13.04.2026 во 12:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот медиум CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите, истакнувајќи ја како скриен бисер во Јужна Европа.

    Во својата рубрика за патувања, медиумот наведува дека иако повеќето туристи се насочуваат кон популарни земји како Франција, Шпанија и Италија, Европа нуди многу повеќе за истражување.

    Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, северно од Грција, со импресивни природни пејзажи – бујни зелени падини, планински врвови и снежни карпи. Посебно внимание се посветува и на разновидната кујна, која се менува од регион до регион и нуди богати вкусови.

    Си-ен-ен ја издвојува и поволната клима во земјата, која придонесува за производство на квалитетен и сочен зеленчук, како и за развој на лозарството и производство на богати вина.

    Дополнително, вниманието се насочува и кон главниот град Скопје, кој нуди спој на модерно и традиционално, како и кон националните паркови и планинските предели кои се идеални за авантуристички туризам.

    Овој вид меѓународно признание може значително да придонесе за зголемување на туристичкиот интерес и афирмација на Македонија на светската туристичка мапа. 

    Со оваа препорака, Македонија сè повеќе се позиционира како атрактивна дестинација за туристи кои бараат автентично искуство надвор од вообичаените европски рути. 

    Прочитај повеќе

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.