Close Menu
Press24
    Најново

    Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи

    09.07.2026 во 17:34

    Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway

    09.07.2026 во 17:16

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи
    • Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway
    • Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
    • Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана
    • На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола
    • Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето
    • ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 
    • Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Орбановиот пораз како опомена за Македонија

    Битиќи: Орбановиот пораз како опомена за Македонија

    13.04.2026 во 12:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поразот на Виктор Орбан е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта, вклучително и кај нас. Падна еден модел на владеење што со години се претставуваше како алтернатива на Европската Унија(ЕУ), а всушност се темелеше врз постојан конфликт со институциите, врз стравот како политичка алатка, поделбите и постепеното слабеење на демократските стандарди и вредности. Но на крајот, унгарските граѓани кажаа дека им е доста од политика која додека зборува за нацијата, зад себе остава корупција, која додека говори суверенитет ја турка државата во изолација, политика која неуморно ветуваше стабилност, а произведуваше стагнација. Дојде денот кога граѓаните го вратија политичкиот часовник кон достоинството и европскиот вредносен хоризонт, пишува на социјалните мрежи Фатмир Битиќи од СДСМ на социјалната мрежа ФБ.

    Орбан во шеснаесетгодишното владеење за Македонија не беше далечен европски лидер, тој беше политичка референца, симболички покровител и адреса кон која се гледаше со восхит. Тоа го видовме низ годините во политичката заштита што Будимпешта му ја даде на Никола Груевски, во медиумските и политичките врски со ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и во економското поврзување преку корозивни кредитни аранжмани и унгарско присуство во чувствителни сектори.

    Не е доволно само да се каже дека Орбан загубил, треба да се каже и што точно е поразено со неговото заминување од власта, како политичка идеја што долго фрлаше сенка и врз македонската политичка сцена. Најнапред, се распадна илузијата дека Македонија може да оди напред така што ќе се држи ЕУ надвор од политичката агенда, а граѓаните ќе се тешат со суверенистички фрази и авторитарни пријателства. Падна и илузијата дека некој може да се претставува како демократ, а притоа да ја поткопува општествената кохезија, институционалната рамнотежа и вредносната насока на државата. Се покажа како погрешна и логиката дека политичката блискост со Орбан е некаква стратегиска предност за Македонија.

    Јас не сум против добри односи со Унгарија. Напротив, Македонија треба да има добри односи со сите европски држави, вклучително и со Унгарија. Но едно е партнерство меѓу држави, а сосема друго е увоз на веќе поразен политички модел. Едно е билатерална соработка, а друго е идеолошка зависност. Македонија не смее да продолжи да ја мери својата иднина според орбановиот политички компас или да се води по неговите политички сугестии, туку според сопствениот демократски интерес.

    Не верувам во Македонија што ќе бара утеха кај авторитарни политички модели. Верувам во достоинствена, европска Македонија. Во држава што ќе има силни институции, слободни медиуми, владеење на правото, транспарентни финансии и економија што не се храни од политички патронати.

    Поразот на Орбан треба да е и опомена за Владата во Скопје. Кога граѓаните во една земја ќе го поразат моделот на страв, контрола и политичка самодоволност, тогаш никој веќе не може убедливо да тврди дека тоа е патот на иднината. Иднината не е во орбанизација на Македонија. Иднината е во европеизација на Македонија – праведна држава, слободно општество и чесна власт, стои во објавата на Битиќи на ФБ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:05

    СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    09.07.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.