Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи најмасовната еколошка акција за чистење на Скопје под мотото „Да оставиме пример, не ѓубре!“.

Во акцијата ќе учествуваат неколку илјади волонтери, сите скопски општини, градоначалниците, претставници од амбасадите, ученици, јавни личности, спортисти и бројни граѓани. Активноста ќе се спроведе во секое маало и во сите општини на територијата на град Скопје.

Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции нема да бидат еднократни, туку ќе се одржуваат редовно, односно двапати месечно, со цел да прераснат во трајна традиција и навика за почиста и поздрава животна средина. Тој упати јавен повик до сите сограѓани масовно да се приклучат и со личен пример да придонесат за уредување на јавните простори, парковите и улиците.

Exit mobile version