Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ изврши поставување нови антипаркинг столпчиња на неколку фреквентни локации во општината, со цел да се стави крај на непрописното и дивото паркирање.

Акцијата опфати две сообраќајници, односно улицата „Маџари“ во населбата Маџари и улицата „Јани Лукровски“ во Автокоманда. Од претпријатието истакнуваат дека со овие мерки директно се спречува непрописното паркирање на возилата на тротоарите и се овозможува безбедно и непречено користење на пешачките површини од страна на граѓаните.

Exit mobile version