Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово со најмногу активни случаи на ковид-19, Македонска Каменица има само еден

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава се приближува до 10 илјади и според информациите на Министерството за здравство сега изнесува 9 417. Редоследот на градовите со најголем број активни случаи и натаму е ист. Најмногу има во Скопје, а следуваат Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево. Веќе неколку дена нема град без активни случаи. Единствено Македонска Каменица има само еден.

Ова е дистрибуцијата на активни случаи по градови:

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 72 267, Активни 3 088

Куманово 9 603, Активни 595

Тетово 9 247, Активни 1 668

Прилеп 8 463, Активни 120

Гостивар 6 807, Активни 1 373

Битола 6 517, Активни 168

Велес 5 586, Активни 99

Кавадарци 5 272, Активни 92

Охрид 5 271, Активни 248

Штип 5 071, Активни 100

Струмица 4 603, Активни 429

Струга 3 244, Активни 257

Кичево 3 170, Активни 475

Кочани 2 887, Активни 79

Гевгелија 2 229, Активни 32

Неготино 2 192, Активни 8

Свети Николе 1 573, Активни 41

Ресен 1 311, Активни 75

Крива Паланка 1 236, Активни 7

Радовиш 1 231, Активни 52

Дебар 1 163, Активни 168

Берово 1 095, Активни 52

Делчево 996, Активни 21

Виница 920, Активни 30

Пробиштип 802, Активни 13

Валандово 706, Активни 28

Богданци 505, Активни 11

Крушево 492, Активни 2

Демир Хисар 406, Активни 6

Кратово 405, Активни 28

Демир Капија 400, Активни 3

Македонски Брод 400, Активни 36

Пехчево 287, Активни 10

Македонска Каменица 250, Активни 1

Дојран 134, Активни 2

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 166 741, бројката на оздравени пациенти е 151 692, а на починати е 5 632.

20.08.2021 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега