Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје става крај на хаосот со бездомните кучиња: Обезбедени 30 милиони денари за проширување на „Лајка“

    Скопје става крај на хаосот со бездомните кучиња: Обезбедени 30 милиони денари за проширување на „Лајка“

    04.02.2026 во 16:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Град Скопје започнува сериозен, хуман и системски пристап за решавање на проблемот со бездомните кучиња преку значително проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“.

    По преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, беше ставен крај на досегашната практика ЈП „Лајка“ да се користи за партиски вработувања, а фокусот е насочен кон вистинско и одговорно справување со проблемот кој со години се игнорираше.

    Во програмата на градоначалникот е предвиден значаен фокус на ова прашање, при што се обезбедени 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“ и создавање современи и хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. Станува збор за суштинска промена која има за цел да донесе конкретни и видливи резултати.

    Ѓорѓиевски изјави дека нема да се дозволи Скопје да биде депонија за бездомни кучиња од други градови. Прашањето за нивното несовесно носење во главниот град е веќе отворено со надлежните институции, а со воведувањето на системот „Сејф Сити“ ќе се овозможи идентификација и санкционирање на сите прекршители.

    Градоначалникот упати апел до граѓаните да бидат активен партнер во овој процес и секоја појава да ја пријавуваат, бидејќи само со заедничка акција може да се воспостави функционален и одржлив систем.

    Прочитај повеќе

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.