Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје и Лондон ја продлабочуваат соработката: Ѓорѓиевски со планови за развој пред амбасадорот Лосон

    Скопје и Лондон ја продлабочуваат соработката: Ѓорѓиевски со планови за развој пред амбасадорот Лосон

    22.01.2026 во 11:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со британскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Метју Лосон.

    Денес, остварив работна средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, во состав на Клер Сирс, директорка на Британскиот совет за Западен Балкан, Доминик Роудс, раководител за политика во Амбасадата, како и Милан Лучиќ, раководител на Секторот за уметност при Регионалната канцеларија на Британскиот совет, посочи Ѓорѓиевски.

    Во рамките на средбата Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот Лосон со програмата и плановите за развој на Скопје, кои се темелат на јасна визија, конкретна стратегија и долгорочни, одржливи политики, насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

    „Разговаравме и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката преку заедничка реализација на проекти, програми и активности од заемен интерес, со посебен акцент на образованието и културата, како и преку размена на позитивни искуства и успешни практики во областа на локалниот економски развој и креативните индустрии.

    На работниот состанок, беше отворено и прашањето за потенцијална соработка и поддршка во рамките на активностите поврзани со проектот „Европска престолнина на културата 2028“, вклучително и неговата меѓународна промоција и вмрежување со европските градови, како значаен чекор кон меѓународна афирмација на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.