Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје, Л.П.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, кога се вратила во нејзиниот стан забележала дека вратата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе затоа што била блокирана со столица, известија од МВР.
Откако успеала да ја тргне столицата, влегла внатре и забележала едно лице, кое ја нападнало со тврд предмет и побегнало. После тоа, таа забележала дека од станот биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
- ФОТО: Два тони небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
- ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
- Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
- Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
- Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
- Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
- Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
- Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

