Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопјани добиваат субвенции за инвертери: Градоначалникот Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата

    Скопјани добиваат субвенции за инвертери: Градоначалникот Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата

    05.12.2025 во 09:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жителите на Град Скопје конечно ќе ги добијат најавените субвенции за набавка на инвертер клима уреди, откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа ги потпиша решенијата за нивна исплата. Ова доаѓа по две години од последниот ваков повик.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски ја потврди одлуката преку објава на Фејсбук.

    „Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење.“

    Тој нагласи дека оваа мерка има директен придонес кон заштита на животната средина.

    „Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје“, објави Ѓорѓиевски.

    Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците на домаќинствата во нето износ до 20.000 денари по уред, при што данокот на личен доход целосно ќе биде покриен од Градот.

    Ѓорѓиевски најави и континуитет на оваа мерка:

    „Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење,“ истакна градоначалникот.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.