Вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај с.Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Актуелно
- Работниците одлучија: Сакаме 700 евра минимална плата
- Скопје ќе блесне за Нова година: За прославата извоени 70.000 евра
- Училиштата веќе нема да плаќаат комунални услуги – општината ја презеде таа обврска
- Филков: Се финализира Кривичниот законик
- Стојаноски: Овој буџет е крвна слика на владината политика – доказ дека Македонија е држава што привлекува капитал
- Филков: Извештаите доаѓаат и си одат веќе 20 години – битно реформите се започнати
- Филков пресече: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати
- Ангелова: Буџетот за 2026-та обезбедува повисоки пензии

