Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека исходот од протестите во Иран е неизвесен и предупреди дека евентуалниот пад на иранскиот режим не гарантира подобра иднина за земјата.

– „Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа“, рече Калас на новинарско прашање.

Таа оцени дека моменталната ситуација во Иран е сложена:

– „Во моментов не е јасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни“, наведе Калас.
– „Исто така е јасно дека режимот брутално потиснува и убива луѓе за навистина да поттикне страв во општеството“, додаде таа.

Exit mobile version