Комитетот на Обединетите нации за правата на детето изрази „длабока вознемиреност“ по застрашувачките извештаи за бомбардирањето на училиштето за девојчиња „Шаџара Тајебех“ во јужниот ирански град Минаб. Според првичните информации, во овој напад животот го загубиле повеќе од 160 деца.

Во официјалното соопштение на телото составено од 18 независни експерти се вели:

„Комитетот е вознемирен од извештаите за напади врз цивилна инфраструктура, вклучувајќи училишта и болници, кои повредиле и трауматизирале деца и одзеле многу млади животи.“

Инцидентот се случи на 28 февруари, уште на самиот почеток на заедничката американско-израелска воена операција. Додека Канцеларијата за човекови права на ОН бара итна истрага од „силите кои стојат зад нападот“, иранскиот амбасадор во Женева, Али Бахреини, чинот го опиша како „неоправдан и криминален“.

Од друга страна, американскиот државен секретар Марко Рубио нагласи дека американските сили немале намера да го гаѓаат училиштето, а израелските власти потврдија дека веќе го истражуваат случајот за да утврдат како дошло до оваа хуманитарна катастрофа.

Exit mobile version