Двајца мажи во два одвоени случаи денеска завршија во полициска станица на разговор откако биле пријавени за физички напад над сопругата во едниот, односно екс сопругата во вториот случај.
-На 04.03.2026 во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга.
На 04.03.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.03.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга, информира МВР.
По целосно документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.


