Утре во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен и северозападен правец. Утринските температури ќе бидат ниски, особено во западните и источните делови, каде ќе се спуштаат и до -10 степени, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до околу -6 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе се задржи стабилно и суво време, со услови за појава на утринска магла по котлините.

Температурите ќе бидат во постепен благ пораст, со максимални вредности до 12 степени.

За време на викендот се најавува зголемена облачност, со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, а ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец.

Exit mobile version