По пожар во стан во зграда во Блок 70 во Тетово, едно машко лице го изгуби животот, а уште еден маж е повреден.

Пожарот во Територијалната против пожарна единица Тетово е пријавен во 19.05 часот.

Од СВР Тетово потврдија дека по пожар во стан во зграда е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Во тек е увид на местото на пожарот, па од полицијата најавија дека повеќе детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.

Exit mobile version