Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, утре (среда) во утринските часови по македонско време ќе го одигра својот нов меч во квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда, Ѓорческа ќе се соочи со Словенката Тамара Зиданшек.

Зиданшек, која има 28 години, моментално се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата. Мечот е закажан на теренот број 11 и ќе биде четврти по ред. Се очекува македонската тенисерка повторно да има силна поддршка од македонските навивачи кои живеат во Мелбурн.

Во првото коло, Ѓорческа ја победи Австријката Синја Краус со убедливи 2:0 во сетови

Exit mobile version