Владата на Соединетите Американски Држави дополнително го заостри својот став кон иранскиот режим, објавувајќи нова листа на најбарани лица поврзани со активности кои ја загрозуваат американската национална безбедност. На листата се наоѓаат десет лица, а најзвучното име меѓу нив е Мојтаба Хамнеи, синот на врховниот лидер на Иран.

Стејт департментот, преку програмата „Награда за правда“ (Rewards for Justice), понуди огромни парични суми за секоја релевантна информација што би довела до нивно лоцирање или апсење.

Милионска награда за информации

Фокусот на оваа потерница е ставен на лица за кои Вашингтон верува дека се инволвирани во сајбер-напади, терористички активности или дестабилизација на регионот.

„Владата на САД трага по 10 лица, меѓу кои и Мојтаба Хамнеи. Како награда за информации кои би помогнале во нивното фаќање, понудени се 10 милиони долари“, се наведува во официјалните информации.

Порака до Техеран

Вклучувањето на Мојтаба Хамнеи на оваа листа се толкува како директен обид за негова меѓународна изолација, особено во време кога тој се подготвува за преземање на лидерската позиција во Иран. Ова е првпат член на потесното семејство на Врховниот лидер да биде јавно таргетиран со ваква потерница и парична награда.

Потегот доаѓа само неколку дена по острите изјави на претседателот Доналд Трамп за приватниот живот и политичкото влијание на помладиот Хамнеи, што укажува на координирана стратегија на Вашингтон за целосен притисок врз иранската елита

Exit mobile version