„Минималната плата ќе порасне така како што ќе се договарат работодавачите и работниците, со оглед на тоа дека Владата во овој дијалог ги има испочитувано во крај своите права или обврски кон оние на коишто е работодавач, бидејќи 99% од државната управа има склучено колективни договори со Владата“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.
Стојаноски нагласи дека усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.
„За нас, ете и за мене лично, оној став дека најдобрата плата е таа која што ќе биде реално исплатена, е едноставно најдобра плата, бидејќи на крајот од денот работниците треба таа плата и да ја примат. Ние можеме тука да лецитираме со бројки коишто сметаме дека можеби се примамливи, но на крајот од денот треба да гарантираме дека тоа коешто ќе го кажеме, носиме одговорност и дека ќе биде исплатено“, рече пратеникот Стојаноски.
- Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
- САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
- Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
- Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари
- Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите
- Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет
- Пентагон со порака до Техеран: Иран е единствената закана за слободниот проток на нафта
- Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности


