Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скандал во Кавадарци: Директорка уценувала наставничка откако нејзина колешка ја „хакирала“ и приватните разговори ѝ ги предала на директорката  

    Скандал во Кавадарци: Директорка уценувала наставничка откако нејзина колешка ја „хакирала“ и приватните разговори ѝ ги предала на директорката  

    01.11.2025 во 13:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наставничка начекала отворен приватен профил на социјална мрежа на службен лап топ. Од профилот, кој припаѓал на нејзина колешка, направила фотографии од приватни разговори кои потоа ги доставила до директорката на училиштето, и други колеги.

    Според пријавата во кавадаречката полиција, откако укажала на наставнички совет дека некој шири слики од нејзини приватни разговори, наставничката добила закана од директорката дека доколку случајот го пријави, пораките ќе бидат испратени до други колеги.

    47-годишната ставничка В.Т. и 52-годишната директорка на училиштето М.Т. заработија кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 2251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. 

    „В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето. Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги. На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги.“, велат од полицијата.

    Прочитај повеќе

    Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола

    18.08.2026 во 22:12

    Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“

    18.08.2026 во 20:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.