Ноќеска во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица. 

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот.

Од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за  расчистување на случајот. 

Exit mobile version