Ситуацијата на Блискиот Исток излегува од контрола по најновиот напад врз нафтен танкер во близина на Катар. Проектилот кој го погоди бродот е само последен во низата инциденти во конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, кој се заканува да го запали целиот регион. Паралелно со ова, Белата куќа најави дека претседателот Доналд Трамп ќе има важно обраќање, но содржината се држи во строга тајност.
Додека светот го чека зборот на Трамп, Техеран обвинува за уништување на клучна постројка за вода на ирански остров.
„Ова е директна ескалација која може да доведе до целосен прекин на транспортот на енергенси. Сите очи се вперени во Вашингтон и потегот што ќе го повлече Трамп“, коментираат воени аналитичари.

