Силјановска до Џафери: Ако сте кандидат за претседател на Собрание, тогаш не треба да претседавате Вие, туку некој од замениците
На денешната собраниска седница се обрати и пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“. При своето излагање Силјановска Давкова посочи дека доколку Талат Џафери е кандидат за претседател на Собрание, тогаш тој не треба да претседава туку некој од замениците.
-Процедурата е гаранција за демократија, особено парламентарната. И претседавачот по аналогија треба да се однесува како Претседателот на Собранието. Не можам, а да не кажам дека по верификацијата на мандатите ние пратениците иако по Деловникот треба да ги уживаме правата и да ги остваруваме должностите во еден подолг период , а тоа не можеше да го реализираме. Зошто? Затоа што да вие сте мастерот на процедурата но по аналогија повторувам, Деловникот важи и за Вас, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека членот 110 од Деловникот вели дека не претседавачот туку Претседателот на Собранието е должен најдоцна во рок од 3 дена од добивањето на информацијата на Претседателот за доверен мандат да ги информира пратениците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа