Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки
    • Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава
    • Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

    03.04.2026 во 16:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт,  Глорија дел Кармен Оливарес.

    Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит.

    „Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и дигитализација, географската оддалеченост се релативизира“, рече таа.

    Според претседателката, постојат големи можности за унапредување на соработката, особено во сферата на економијата, културата, туризмот, образованието и науката.

    Со оглед на тешките времиња во коишто живееме, претседателката, во јакнењето на мултилатерализмот, како функционален механизам на договарање, гледа решение за бројните и комплексни проблеми во рамките на Обединетите нации, чија улога е минимизирана до непрепознавање.

    Амбасадорката дел Кармен Оливарес оцени дека двете земји, иако се географски оддалечени, споделуваат фундаментални вредности како што се демократијата, одбраната на човековите права и почитувањето на владеењето на правото, како и заеднички цели како што се мирот, развојот на нашите народи, стабилноста и институционалното зајакнување. 

    Таа изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нејзина водечка задача ќе биде натамошен развој на билатералните односи. Нагласи дека двете земји треба да работат заедно, во духот на меѓусебното почитување и да вложат максимални напори за да го остварат својот целосен потенцијал за раст.

    Претседателката ѝ посака на амбасадорката успех во извршувањето на значајната и одговорна функција.

    Прочитај повеќе

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.