Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на Црна Гора


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка во сите области од заемен интерес.

„Искрено се надевам дека со Вашиот ангажман ќе продолжиме заеднички и со взаемна волја и посветеност да ја интензивираме соработката, со посебен акцент на економската и надворешно-трговската соработка, туризмот и промовирањето на заедничките активности и проекти кои се во интерес на двете земји и нашиот регион“, истакна Претседателката додавајќи дека очекува соработка и поддршка во реализацијата на националните, регионалните и меѓународните иницијативи и проекти.

Во своето обраќање на церемонијата, амбасадорот Миљаниќ ја изрази желбата за продолжување на развивањето и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

 

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Зоран Миљаниќ му посака успех во извршувањето на одговорната функција. 

17.09.2024 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега