Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение

    Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение

    16.07.2026 во 22:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една изборна единица е добро решение, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако како решение го има во две до три држави, сепак претседателката смета дека добро е тоа да го има и кај нас.

    – Иако е ретко решение, дали го има во две или три држави, сепак добро е да го има кај нас затоа што во разни изборни единици со различен број гласови се победува. Гласот треба да има иста тежина – рече вечерва Сиљановска-Давкова во интервјуто за телевизија „Канал 5“.

    Во однос на дијаспората, претседателката нагласува дека според Уставот, избирачкото право, без разлика дали е активно или пасивно, се врзува со државјанството и смета дека во Изборниот законик имаме чудно решение, кое ја дискриминира дијаспората.

    – Најголем број држави на светот ѝ дозволуваат на дијаспората да гласа. На прсти може да се избројат, можеби две, што не дозволуваат дијаспората да гласа, а има една или две држави во кои, по истек на 10 години, не може дијаспората веќе да гласа. Но она што е чудно кај нас е што на локални избори гласа дијаспората, тоа е непознат феномен – вели Сиљановска-Давкова.

    Невозможно е да се испраќаат луѓе во дипломатско-конзуларните претставништа, вели Сиљановска-Давкова, и затоа најчесто се посегнува кон електронско гласање или гласање по пошта.

    Во однос на забелешките од опозицијата дека електронското гласање може да биде можност за изборен грабеж, претседателката со став дека токму опозицијата е таа што овозможи електронски попис.

    – Опозицијата овозможи регистрирање по електронски пат на попис, непознат феномен бидејќи на попис се регистрираат само оние што се најдолго 12 месеци надвор. Кај нас си се регистрираа електронски и тие влегоа во пописните резултати, што беше спротивно на правилата во Советот на Европа – посочи Сиљановска-Давкова.

    Според неа, добро е да има консензус за Изборниот законик. Смета дека треба да се постигне консензус за платеното политичко рекламирање.

    Во однос на техничката влада,, која се укина со закон, чиј указ го потпиша, Сиљановска-Давкова рече дека решението што сме го имале било партиско.

    – Јас сум за техничка влада каква што постои во Бугарија, каква што постои во Грција, во Италија. Нивната цел е да обезбедат фер и демократски избори, без никакво партиско влијание. Она што го имавме ние е нешто сосема друго – рече Сиљановска- Давкова.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.