Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова бара нов дом за детскиот театар: „Децата заслужуваат повеќе“
    • ФОТО: Сакал да избегне царина, па ги скрил под седиштата – На Блаце откриени 595 сребрени прстени
    • Папата Лав опериран во Рим
    • Дневен хороскоп: Избегнувајте избрзани одлуки и поставете граници меѓу обврските и одморот
    • Слави Трифонов со навреди кон Македонија по случајот со Ива Михаилова: „Вие сте Бугари, ми се повраќа од бедни комплексирани луѓе“
    • Груби излезе од куќен притвор – Го пречекаа со огномет, чадни бомби и факели
    • Драма во Скопје: Ја натепал сопругот од кого се разведува
    • Инциденти во Скопје: Тепачки во три населби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова бара нов дом за детскиот театар: „Децата заслужуваат повеќе“

    Сиљановска-Давкова бара нов дом за детскиот театар: „Децата заслужуваат повеќе“

    14.10.2026 во 09:242 Mins Read
    Кабинет на претседател
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го отвори петтото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, чија покровителка е таа. Во обраќањето порача дека театарот ги надминува разликите меѓу луѓето и овозможува подобро разбирање на туѓите искуства и чувства.

    „Театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите, да го слушнеме другиот и во неговото искуство да препознаеме нешто блиско и свое, наше, заедничко, човечко“, истакна Сиљановска-Давкова.

    Таа ги поздрави уметничките успеси на Театарот за деца и младинци, нагласувајќи дека тие се постигнати во скромен простор, кој со децении не е променет. Според неа, годинашното мото на фестивалот „Сите сме исти. И јас и ти“ претставува повик за почитување на правото на секој човек на сопствен живот, свет и приказна.

    Претседателката посочи дека богатото уметничко наследство на актерот Игор Маџиров продолжува да живее преку фестивалот и претставите што се играат на сцената на Театарот за деца и младинци.

    Таа повторно ја упати својата желба театарот конечно да добие соодветен дом, каков што заслужуваат актерите и најмладата публика.

    „Преку играта, смеата и тагата, храброста и сомнежот, правдата и неправдата, театарот како уметност на невозможното ни помага да ги препознаеме човечките слабости и доблести, внатрешните борби, да се радуваме и да се нервираме, бурно да реагираме“, рече Сиљановска-Давкова.

    Таа нагласи дека создавањето претстави за деца носи посебна одговорност, бидејќи најмладите се љубопитни и критички настроени гледачи кои внимателно ја следат приказната и отворено ги изразуваат своите ставови.

    „Детето не е рутиниран гледач што мирно ја следи приказната, туку немирен, разбрануван, бистар, љубопитен ум што мисли брзо, поставува многу незгодни и смели прашања, остар и прецизен набљудувач, бескомпромисен критичар“, истакна претседателката.

    Според неа, фестивалот „Игор Маџиров“ преку уметничката храброст и творечката енергија поврзува различни култури, генерации и светогледи.

    Фестивалот беше отворен со претставата „Која е Лорет“, а на програмата се претстави од Македонија, Србија, Хрватска, Чешка и Шпанија. Предвидени се и работилници со гости од Бугарија, Грција и Босна и Херцеговина.

    На фестивалот учествуваат истакнати автори, режисери, актери и драмски писатели, а билетите за претставите се достапни во билетарницата на Театарот за деца и младинци во Скопје.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Сакал да избегне царина, па ги скрил под седиштата – На Блаце откриени 595 сребрени прстени

    14.10.2026 во 09:13

    Слави Трифонов со навреди кон Македонија по случајот со Ива Михаилова: „Вие сте Бугари, ми се повраќа од бедни комплексирани луѓе“

    14.10.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.