Скопјанец на 25-годишна возраст бил приведен откако бил пријавен за физички напад врз сопругата со која е во бракоразводна постапка.
Тој бил лишен од слобода на 12 октомври во 21:15 часот, во Полициската станица Кисела Вода. Според пријавата, нападот се случил во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

