Три одделни физички пресметки и напади биле пријавени во Скопје на 12 октомври, при што во инцидентите учествувале лица на различна возраст.
Во Бутел, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка меѓу 18-годишник и 20-годишник, двајцата од Скопје. Инцидентот бил пријавен во полицијата во 10:30 часот.
Еден час подоцна, во 11:30 часот, била пријавена уште една тепачка, овојпат на подрачјето на Чаир. По расправија, физички се пресметале двајца скопјани на возраст од 56 и 58 години.
Третиот случај бил пријавен во вечерните часови. Двајца млади жители на селото Трубарево, на возраст од 21 и 22 години, пријавиле дека околу 1:30 часот по полноќ биле физички нападнати во населбата Хиподром од едно лице и уште неколку други лица.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите, а по целосно документирање на инцидентот во Бутел ќе следува соодветен поднесок.

