Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди источниот брег на островот Хоншу во Јапонија, пренесува 4news.mk.
Според првичните податоци, епицентарот на силниот потрес бил лоциран североисточно од градот Ишиномаки, на длабочина од околу 40 километри.
Станува збор за исклучително моќен удар кој бил почувствуван на голема оддалеченост, па дури и во градот Камагаја, кој се наоѓа на 395 километри од самиот епицентар.
И покрај големата јачина на земјотресот, првичните информации се смирувачки бидејќи надлежните служби не издадоа предупредување за појава на цунами.
Сведоци кои го почувствувале потресот опишуваат дека тлото се тресело околу 15-тина секунди пред да почне целосно да се смирува.
Јапонските надлежни служби веќе ја следат состојбата на терен. Земјата е позната по својата висока подготвеност за вакви природни катастрофи, што во вакви случаи значително го намалува ризикот од поголеми материјални штети.


