Авион кој сообраќал на релацијата од Хургада кон Минхен, секој момент треба принудно да слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, дознава српски „Блиц“.
Според првичните информации, причината за ова вонредно и принудно слетување е техничка неисправност на леталото.
Драмата почнала во моментот кога екипажот на авионот во текот на летот пријавил дека има појава на чад во кабината, по што веднаш била донесена одлука за итно менување на правецот.
Како што пренесуваат српските медиуми, службите на аеродромот во Белград се веќе во состојба на готовност, а авионот се очекува да допре на пистата во секој момент.


