Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска Давкова: Како можеме да очекуваме да бидеме разбрани од ЕУ, ако не се разбираме меѓу себе

    Сиљановска Давкова: Како можеме да очекуваме да бидеме разбрани од ЕУ, ако не се разбираме меѓу себе

    23.09.2025 во 20:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова, обраќајќи се на Годишниот самит на Конкордија, што се одржува денеска во Њујорк. 

    Како што јави известувачот на МИА, таа рече дека ЕУ, како регионално, европско олицетворение на мултилатерализмот, има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот.

    – Европската унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент. Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции, кажа претседателката.

    Таа истакна дека ако регионот на Западен Балкан сака да биде дел од ЕУ мора да се поддржува меѓу себе.

    – Ако регионот сака да биде дел од ЕУ, мора да се поддржуваме и да се разбираме еден со друг. Како можеме да очекуваме да бидеме разбрани од ЕУ, ако не се разбираме меѓу себе. Треба да се разбираме и поддржуваме, онака како што Шведска, Данска и Норвешка го правеа за балтичките земји. Тие апсолутно ја поддржуваа нивната евроинтеграција и резултатот е очигледен. Но, за разлика од нив нашите соседи често користат вето, а за членство е потребен консензус и ако една земја не се согласува, не можете да станете членка на ЕУ, рече Сиљановска Давкова.

    Според неа, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување, а тоа, како што посочи, неодамна го кажа и претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. Но, како што подвлече, и за тоа е потребен консензус во ЕУ.

    – Тоа создава проблем. Ние можеме да направиме се што е потребно во економијата, реформите, … но сепак, нашите преговори зависат од нашите соседи, рече претседателката.

    Уште еднаш порача дека во нашиот регион треба да се поддржуваме меѓусебно.

    – Сите имаме одговорност во регионот. Мислам дека билатерализацијата е загрозувачи инструмент за евроинтеграцијата. Тоа што и се случува на Македонија во иднина може да и си случи на друга земја кандидат. Проблемот на проширувањето не е само поголема ЕУ, туку има и безбедносен аспект. Во контекст на актуелниот опасен геополитички момент, би било добро што побрзо да станеме членка на ЕУ. Сега е моментот што треба да се искористи, не само од земјите од Западен Балкан, туку и од ЕУ. Сега е последен момент да бидеме разбрани, порача Сиљановска Давкова.

    Според агендата за работната посета на САД, претседателката денеска треба да има обраѓање и на Светскиот лидерски форум на Универзитетот Колумбија во Њујорк, по што ќе присуствува на приемот што го приредува американскиот претседател Доналд Трамп.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.