Close Menu
Press24
    Најново

    Што навистина се случило зад затворени врати? Трамп откри детали од „остриот разговор“ со Нетанјаху

    02.06.2026 во 18:16

    Кошта слета во Скопје: На аеродром го пречека Муцунски

    02.06.2026 во 17:59

    Жестока битка на небото над Украина: Русија удри со сета сила

    02.06.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што навистина се случило зад затворени врати? Трамп откри детали од „остриот разговор“ со Нетанјаху
    • Кошта слета во Скопје: На аеродром го пречека Муцунски
    • Жестока битка на небото над Украина: Русија удри со сета сила
    • СЗО алармира: Нова епидемија на Ебола во Африка, прогласена меѓународна вонредна состојба
    • Изборните реформи влегуваат во фаза на разгледување на предлозите од политичките партии и институциите
    • Потврда и од ОЈО ГОКК: Вршиме акција за сторени кривични коруптивни дела
    • Финансиска полиција: Уапсени се повеќе лица – вршиме претреси
    • СДСМ: Најавените промени на Мицкоски се само козметика и партиска чистка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

    Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

    24.09.2025 во 22:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок.

    Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава, резултира со значајна поддршка на реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и доброто управување – приоритети кои се клучни за македонската европска интеграција.

    Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Генералниот секретар на ОН за безрезервната поддршка на македонскиот пат кон ЕУ и за неговата позиција за потребата од забрзување на евроинтегративниот процес.

    За претседателката, во интерес на ефективниот мултилатерализам, ОН треба да ја зајакнат својата улога и да бидат главната арена за справување со глобалните предизвици – од војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, до климатската криза и спроведувањето на Агендата 2030.

    Нагласувајќи ја важноста на женското лидерство, таа укажа дека активно се спроведува и Вториот национален акционен план за жени, мир и безбедност.

    Прочитај повеќе

    Кошта слета во Скопје: На аеродром го пречека Муцунски

    02.06.2026 во 17:59

    Изборните реформи влегуваат во фаза на разгледување на предлозите од политичките партии и институциите

    02.06.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.